Со песната „Жива” која премиерно ја отпеа во студиото на ИН ТВ, Анета Љумаковска по разводот со Џими и заминувањето од групата „Молика“ најавува нов соло проект на кој ќе работат наши врвни имиња од светот на фолк музиката.
„Жива“ е дело на композиторот и аранжер, маестро Сашко Велков, а текстот е на Анита Даева, која за Анета има напишано и други текстови на песни кои допрва треба да се реализираат. Песната е снимена во музичкото студио „Анастасија” кај Љупчо Павловски, кој се потпишува зад аудио продукцијата.
Привилегија на секој автор е да се соработува со Анета, која е професионалец за пример. Со години наназад Љумаковска потврдува дека е вокал кој плени секого, не само овде во Македонија туку во целиот регион и секаде каде што допира нејзиниот уникатен глас.
По многуте промени кои и се случија на приватен план, Анета храбро ја продолжува својата кариера и буквално цел овој период не застанува со настапи. И како солист и како дел од групата „Молика“ со која ги одработува веќе договорените и закажани настапи.
Од она што го дознаваме таа за дочекот на новата 2024 гидина по толку работни нови години , одлучи да остане без ангажман и покрај огромниот број на понуди.
Во продолжение слушнете ја нејзината најнова песна “Жива” , прекрасна интерпретација и приказна во која може да се пронајде секоја жена.