Радио Милева

Анџелина Џоли проговори за најтешките моменти во животот: „Станав безначајна, дури и невидлива“

Анџелина Џоли проговори за најтешките моменти во животот: „Станав безначајна, дури и невидлива“

Поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит со своите постапки многупати докажаа дека нема да постигнат договор толку лесно, дека нема да го поделат старателството над децата во целост и дека ништо нема да оди според планираното во случај на парница.

Добро упатени извори тврдат дека двајцата никогаш не биле во полош однос и дека 46-годишната Џоли е во целосна психичка растроеност.

Во неодамнешното интервју, самата Енџи призна дека е во тежок период и дека нејзината единствена и најголема утеха, последните неколку години, биле нејзините деца.

 

View this post on Instagram

 

Do you love dogs? Follow my new page @dogs_world_videos 🐕‍🦺❤

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie_offiicial) on

„Мојата сила доаѓа од моите деца. Сите родители знаат дека во нив постои таа моќ што постојано расте. Не знам од каде потекнуваше мојата вера, но сигурна сум дека сум во некаков преоден рок, како да се враќам на своите корени и се изгубив. Мислам дека започна кога Бред и мојата врска завршија. Тоа беше комплициран период, не можев да се препознаам и станав мала, скоро безначајна, дури и невидлива. На крајот, се соочив и со некои здравствени проблеми. Сето тоа ме потсети колку сум среќна што сум жива “, рече Енџи.

„Понекогаш ми е толку тешко да се соочам со животот затоа што се чувствувам како да тонам, но тогаш се сеќавам дека поради моите деца морам да останам силна. Тие мора да имаат столб на кој треба да се потпрат кога им е тешко и затоа тој столб мора да биде силен и не смее да се руши “, заклучи таа.

To top