По подолг временски период, Анџелина Џоли проговори за разводот со Бред Пит, а нејзините зборови ги натажија фановите кои ја следат Џоли и актерот.
Како што вели Џоли за францускиот магазин „Madame Figaro“ во тој период не можела да се препознае.
„Разводот навистина беше комплициран. Пред крајот на мојата врска не можев да се препознам, како да изгубив дел од себе….Бев поситна, неважна, иако тоа не го покажував“ вели актерката која од Бред се разведе пред три години.
„Длабоко во себе бев многу тажна, повредена, но од друга страна беше интересно да се чувствуваш безначајно“ вели Анџелина.
Актерката откри дека својата лекција ќе ја пренесе на своите шест деца.
„Тоа е лекција која ја пренесувам на своите деца, таа обновена енергија може да ни донесе среќа и мир. Морав повторно да ја откријам и тоа со некои здравствени проблеми. Кога тоа ќе помине, ќе сфатите колку сте среќни што сте живи“вели актерката.
За потсетување, на почетокот на септември Бред истакна дека по разводот со Анџелина одлучил да го остави алкохолот.