Радио Милева
огорчена...

Анџелина Џоли не сака да биде ни пријателка со Бред Пит: „Ни го преврте животот наопаку и мене и на моите деца!“ (ФОТО)

Анџелина Џоли не сака да биде ни пријателка со Бред Пит: „Ни го преврте животот наопаку и мене и на моите деца!“ (ФОТО)

Актерката Анџелина Џоли (44) се разведе од сопругот Бред Пит (55) во септември 2016 година, но и покрај тоа што поминаа три години од разводот, таа сè уште не сака да има контакти ниту пак пријателска врска со популарниот актер.


Оскаровкатае огорчена на Бред, бидејќи смета дека тој им ги свртел животите на неа и нивните шест деца, наопаку. Анџелина првично не сакаше да се мажи за Бред, а по разводот одлучи дека никогаш повеќе нема да се мажи.

44-годишната актерка во моментов снима во Шпанија и неодамна изјавила дека би сакала да живее во странство, но не може да се исели заради поранешниот сопруг.

„Разводот беше навистина комплициран. Кон крајот на мојата врска со Бред не можев да се препознаам, како да изгубив дел од себе… Станав некако мала, неважна, иако не го покажував тоа“ – ќе рече актерката, додавајќи дека навистина била повредена.


Поранешната двојка инаку има шест деца. Синовите Мадокс (18), Пакс (15) и Нокс (11) и ќерките Захара (14), Силох (13) и Вивиен (11).

Останати вести од Радио Милева