Информацијата дека актерката Анџелина Џоли станала лиценциран пилот во 2004 година, досега и беше непозната на јавноста. Џоли станала пилот за да го направи синот горд.
Освен што станала пилот, Анџелина има свој авион со кој може да пилотира кога и да посака.
-Кога мојот син Медокс беше мал, тој беше опседнат со авиони и јас поради него сакав да се пробам во таа улога. Сакав да биде горд на мама, изјавила Џоли во една прилика.
Инаку, таа поседува „Cirrus SR 22“ кој вреди околу 650 илјади долари за кој таа вели дека го користи кога има гужва во сообраќајот.