Андријана Петрушовска е една од најатрактивните учеснички кои се појавиле на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Македонската претставничка плени со својата појава, од која зрачи убавина и сексапил, зачинети со доволна доза на провокација која ја надополнува неодоливата фигура на пејачката.
Андријана во секое ново издание изгледа толку предизвикувачки, што покрај солидното пеење на нејзиниот изглед при настапите на „Гранд“ сцената, тешко кој можеше да и одолее и од жирито и од публиката. Но, она што ја прави разликата не е видливо само додека беше на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, туку и сега на нејзините настапи, каде Андријана подеднакво атрактивно изгледа.
Во прилог на ова тврдење е потврдата од видеата и фотографиите кои пејачката ги споделува со своите следбеници на „Инстаграм“. Расната Македонка сиот свој телесен раскош не штеди да го покаже и кога е на бината на настап во некој од локалите или ноќните клубови во Македонија.
Имиџот можеби поразличен, ама затоа секапилот ист па дури и посилен. Сексапил што „пали“ и поглед што „убива“… од возбуда!
Без оглед дали е во кусо фустанче, шарени панталони и сандали или фармерки и високи чизми…
…Она што ја „пали“ и привлекува публиката покрај песната е нејзината евидентна телесна убавина.
Телесен раскош изразен во долги нозе и колкови за танцување, убаво заоблената задница и длабокото деколте, доволни за предизвикување „бура во главата“.
Особено кај нејзините машки обожаватели кои се и најбројни и најверни, а и „најзапалени“ по пејачката и нејините телесни убавини.
А како и не би биле, кога Андријана Петрушовска колку и да го менува стајлингот, што и да носи на себе, едно нешто никогаш не е дискутабилно: Возбудата секогаш е пуштена на најсилно!
Фото: Инстаграм принтскрин/andrijanapetrushovska