Роденденот е денот кој сите го чекаме цела година, а додека дуваме свеќички на роденденската торта си замислуваме желби за кои се надавеме дека ќе ни се исполнат.
Македонската пејчака Андријана Јаневска имаше убав повод за славење. Имено, таа го прослави својот роденден.
Велат дамите не се прашуваат за години, а некои од нив без комплекси откриваат колку наполниле.
Јаневска на својот „Инстаграм“ објави црно – бела фотографија на која позира црно фустанче, а во описот на фотографијата таа се заблагодари за честитките и откри дека наполнила 40 години.
-40 лета, но духот не старее. Мислам дека тој расте и созрева до одредена возраст, а потоа си е ист. Вака-така, поминав 4 банки во ова антитело. Горда сум што успеав да одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување. Да се разбереме, немам ништо против. Сите кои ме познаваат знаат дека сум многу либерална и ги прифаќам сите луѓе такви какви што се. Сепак, сакам секоја бора да ме потсетува на дел од мојот живот, на убавите но и тажните спомени, зашто мои си се, тие се врежани во мене, тоа сум јас. И покрај сите снимени песни, настапи, концерти, претстави и положени испити, мој најголем успех се моите два сина кои ја дадоа смислата на сето погоре набројано. Затоа и денешниот јубилеен роденден го поминав во нивно друштво. Ви благодарам на сите за честитките, ве сакам и почитувам, напиша таа покрај фотографијата.
Taa ја покажа и скромната роденденска торта со свеќички со број 40, а како што откри роденденскиот ден го поминала во друштво на синовите.
Под објавата се нижеа честитки од нејзините следбеници и пријатели.
Среќен роденден!
фото: принтскрин/инстаграм/андријана јаневска