Андрија Милошевиќ ќе стане татко на 46 години: Актерот и неговата партнерка го очекуваат своето прво дете
Актерот Андрија Милошевиќ и неговата долгогодишна партнерка Сандра Томовиќ кои околу една деценија живеат заедно, ретко зборуваат за својот приватен живот.
Aндрија и Сандра сега имаат убав повод за радување, односно по нивната долга врска, ќе станат родители за првпат.
Сандра е во петиот месец од бременота, пишува блиц.рс
„Кога дознаа дека ќе станат родители, Сандра и Андрија скокаа од задоволство. Тоа им беше голема желба која сега им се исполни. Многумина тврдат дека ќе бидат грижливи родители, а тоа се гледа кога се со децата на нивните пријатели. Сандра одлучи да се повлече од театарот за да ужива во бременоста. Среќните вести ги споделија само со најблиските“, вели извор за блиц.рс
Ниту Александра, ниту Андрија не огласија по повод овие пишувања.
Меѓутоа, претходно тие отворено зборуваа за желбата да станат родители.
„Апсолутно сум подготвен да станам татко и не се плашам од тоа. Сакам да се случи тоа. Животот ве води на разни страни, а потоа едноставно ќе дојде момент кога ќе помислите на тоа. Поточно, животот треба да го живеете без калкулации. Не може ништо да калкулирате, посебно не кога ќе имате деца. Се мора да биде од љубов“ изјави Андрија во една прилика и откри дека однапред знае каков татко ќе биде.
„Немам правило за воспитување на деца. Знам каков ќе бидам, ќе се растопам како чоколадо пред детето“, изјави актерот.
На прашањето кога ќе стане татко дали ќе се промени или ќе остане ист, тој вели:
„Не дај Боже да се променам. На детето не му требам како некој друг, туку таков каков што сум“.
Андрија и Сандра се во врска околу 10 години. Актерот во 2014 година изјави дека Сандра е исполнување на неговиот сон.
„Сандра и јас сме заедно повеќе од една година и уживаме во љубовта. Секој слободен момент го поминуваме заедно и се трудиме да го искористиме времето и покрај сите работни обврски. Многу патуваме, го поминуваме времето заедно и можам да кажам дека во Сандра најдов сė што барав во една девојка.
Парот не се огласи по повод овие пишувања.
фото: Инстаграм/андрија милошевиќ/ата имагес