Анабела Атијас и Андреј Атијас биле сослушени во полиција откако пејачката поднесе пријава за семејно насилство.
Пејачката не се огласи, но нејзиниот сопруг истакна дека немало физичко насилство.
„Се скаравме за Цука (кучето), јас и викав на неа, изјави тој и додаде дека соседите повикале полиција.
А келнерка која работи во кафулето во близина на нивниот дом отрки непознати детали за сопругот на пејачката.
„Секој втор ден Андреј доаѓа пијан. Доаѓа кај нас, агресивен е и не сака да излезе додека е пијан, вели вработената во локалот.
Додека пак соседите немаат баш некое пријатно мислење за нив.
„Не сакам да живеат овде, само не срамотат, вели една сосетка, а друга додава:
„Не ме интеренсираат пејачи, посебно не таа Анабела. Само некои скандали околу нив. Тоа не ни треба. Нека одат на некое друго место и нека прават што сакат, овде треба да се почитува редот, вели сосетката на Анабела.
За потсетување, Анабела и Андреј се скараа за куче, а наводно тој и удрил шлаканица, а таа го изгребала по лицето.
По инцидентот тие одлучиле да се смират.