Пејачката Андреана Чекиќ никогаш не криела дека нејзиниот музички идол е Цеца Ражнатовиќ. Уште кога Андреана се натпреваруваше во „Ѕвезде Гранда“, многумина велеа дека има глас сличен на оној на фолк дивата, а тоа беше најголемиот комплимент за тогашната млада пејачка.
Андреана неодамна пред нашите камери се присети каква била првата средба со Цеца и истакна дека и е благодарна за се’.
View this post on Instagram
– Нашата прва средба беше одамна, бев на нејзиниот концерт во Виена. Имав можност тогаш, фала богу, да се сликам со неа и тоа беше нашата прва средба. Подоцна, кога станав афирмирана пејачка, често се среќававме и таа е некоја што ја има најубавата енергија – изјави пејачката за Гранд.
Андреана додала дека Цеца е некој кој отсекогаш ја поддржувала, а приликата ја искористила и јавно да и се заблагодари на колешката.
View this post on Instagram
– Многу е убаво да се седи со неа, прозбори малку. Морам да кажам, благодарам за се’ досега – заклучила пејачката.
фото:Instagram printscreen/ andreanacekic