Пејчката Андреа со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022 во Торино.
„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Александар Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“ – напиша Андреа на социјалните мрежи.
„Circles“ на Јутуб досега има над 300 000 прегледи. Ова се некои коментари кои може да се најдат под објавата на евровизиската песна на „Јутуб“.
-Искрени честитки, Андреа, гласав за тебе од сите можни и неможни уреди. Многу сум среќен што победи, и ве молам во Торино спремите одличен сценски настап за сигурен влез во финале! PS: за вокалните способности не се сомневам!
-Не сакав да коментирам оти мој фаворит беше Цвеќето на тагата и Лара, но уште прв пат кога ги слушнав песните, не пропуштив да забележам дека Андреа има многу уникатен и вонсериски глас – контралто кој е многу редок. Бојата на гласот е исто така прекрасна и многу топла. Андреа има уметнички сензибилитет и буквално ја живее песната. Иако сум од оние закоравените македонските патриотки 🙂 и секогаш преферирам песна на македонски јазик, сметам дека оваа песна треба да се пее на англиски, за разлика можеби од песната на Лара која и на македонски звучеше одлично, па дури и подобро од англиската верзија. Оваа песна е модерна и повеќе ѝ лежи англискиот јазик. Со малку среќа, можеш далеку да стигнеш, а јас ти посакувам многу среќа и да се опуштиш на сцена оти се гледа дека си многу емотивна“.
-ОМГ! Како воопшто ја прескокнав твојата песна? Оваа песна треба да се најде на Светски топ листи, како Билборд 100 или на топ листите на Spotify. Со среќа Андреа. Се надевам дека ќе победиш на натпреварот оваа година“.
-Браво Андреа, прекрасна песна, прекрасен вокал. Ти посакувам победа во Торино“.
– Wow, wow, wow… Браво за песната и текстот, сценски е многу добро, добра дикција на англискиот јазик се гледа дека детето е јазично образовано, музиката е досега најдобро нешто од македонската продукција… Одиме до победа Андреа со тебе сме.
– Честитки Андреа, песната е убедливо најдобра, најлесно влегува во уво и звучи светски! Издоминира со својот моќен глас.
– Многу ми е мило што оваа песна стигна на евровизија!! Поздрав од Мексико.
– Песната е фина, звучи светски, девојката отпеја совршено на англсики, се само дел од коментарите кои може да се прочитаат.
Музиката, аранжманот и продукцијата на евровизиската песна ги потпишува Александар Масевски, додека стиховите на песната се заедничко дело на авторот и изведувачот – Александар Масевски и Андреа Коевска.
фото: принтскрин/јутуб/andrea