Бугарската пејачка Андреа со нов статус на социјалната мрежа навести дека нејзиниот партнер очигледно „шара“.
„Можеби ви пишува пораки 24 часа на ден, но тоа не значи дека не им праќа пораки на другите“ – напишала русокосата во приказните на својот Инстаграм. Следбениците дефинитивно не ги сфатија нејзините зборови само како фраза која на пејачката и се допаднала, па и ја сподели јавно. Таа најверојатно сакала некому нешто да каже, но тешко дека тоа е виолинистот со која пред извесно време пејачката се обидела да измисли врска.
Во исто време, Андреа објави и едно секси видео, каде оскудно облечена во светкаво сребрено фустанче изведува жежок стриптиз танц. Кревајќи го нагоре, русокосата убавица покажала повеќе од што треба, но она што најмногу ги скокотка љубопитните душегрижници е дилемата дали пејачката воопшто носи гаќички.
Од видеото не може да се процени баш најубаво дали расната Бугарка на себе има или нема долна облека… Конечно не и ни толку важно, зашто Андреа ионака е доволно секси и возбудлива што и да ги има и да ги нема… целта ги оправдува средствата! А овде целта е визуелна дразба на машката публика, што апсолутно е и постигната.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/andreabulgaria