Македонската евровизиска претставничка Андреа ја одржа првата проба за престојната Евровизија во Торино. На првата проба Андреа е сама на сцената, облечена од глава до петици во црно.
LED екраните зад неа покажуваат пулсирачка графика, која е едноставна, но ефикасна. Осветлувањето се користи за драматизирање на нејзината изведба, која Eurovision.tv ја опишува како „влијателна“.
Таа, исто така, ги користи мостовите над водните каскади како екрани за графички ефекти што е само втор пат да ги видиме како користат на овој начин досега, Молдавија беше прва. Тоа е навистина впечатливо, а постановката дефинитивно му дава простор на моќниот глас на Андреа да блесне.
Евровизиските критичари и новинарите ќе имаат можност да ја следат втората проба на сите изведувачи па тогаш се очекуваат и првите коментари за настапот на Андреа.
Инаку, пред испраќањето на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино, на 30. април се одржа Евровизиска забава во Нано Бар во скопско Дебар Маало, во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија.
На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите уживааво најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.