Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска се вклучи во заедничка кампања нја Зоолошката градина „Скопје” и ЈП „Лајка” под мотото „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!”
Како што информираат од ЗОО Скопје, кампањата е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво. Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на животните. Андреа е првата која сними видео со поддршка заедно со својот долгогодишен миленик Лео.