Ќерката на Цеца, се’ поопуларната Анастасија Ражњатовиќ ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи со најновите фотографии од летниот одмор, кој пејачката го минува на грчкиот остров Миконос.

Иако не е во Србија, Анастасија ги израдува своите пријатели информирајќи ги преку Инстаграм за тоа каде е и што прави, и овој пат таа покажа и како изгледаат нејзините летни денови.

Фотографирана во различни пози во црвени дводелни бикини покрај морето, до израз доаѓа нејзината тенка фигура и совршено обликуваниот задник.

Анастасија покажа дека своето тело го довела речиси до совршенство.

Распеаната морска сирена во црвено бикини кипи од сексапил и кога лежи на врелиот морски песок, клечи на брегот или лежи на работ од базенот!