Познато е дека српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ обожава да посетува егзотични дестинации.
Претходната година летуваше на Миконос, но и беше неколку дена во Црна Гора.
Меѓутоа, поради пандемијата со коронавирусот, летните одмори оваа година се поразлични и со одредени правила.
Имено, Анастасија до неодамна летните денови ги поминуваше на релација Белград – Нови Сад каде што нејзиното момче има огромен имот со базен и поглед накај Дунав.
Меѓутоа, пејачката сега ги спакува куферите и замина во Црна Гора.
Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од приватен авион.
Нешто подоцна објави и селфи од плажа.
Веруваме, дека младата Ражнатовиќ доволно ги наполни батериите и со полна енергија ќе се врати на работните обврски.
фото: Инстаграм