Во емисијата „Хит твит“ која се емитува на „Пинк“ гости беа Жељко Митровиќ, Чедо Јовановиќ, докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Иако тема на емисијата беше пандемијата и присутната опасност од коронавирусот, во емисијата се разви главна и жестока дебата и за апсењето на Цеца.
Ражнатовиќ во еден момент ја напушти и емисијата, но се врати.
Анастасија Ражнатовиќ се огласи на „Инстаграм“ по гостувањето на Цеца на Пинк:
„Замислете имате 4 години и ви се вперени 4 пушки во главата додека ги отварате очите наутро кога се будите. Ќе ги замолам квази политичарите да не се изјаснуваат за своите деца како страдаат поради наслови во весниците, бидејќи јас кога имав 4 години не успеав да видам некој наслов туку цевка од пушка вперена во мојата слопоочница и мислам дека тоа беше доволно да бидам истраумирана“, напиша Ражнатовиќ и додаде:
„Мислам дека вашите деца добро поминаа. А последиците низ кои ние поминавме не се важни? Тоа што не се правевме жртви и што не се вадевме на насилството кое го доживеавме на 4 и 6 години, не значи дека не се случило. Срам да ви е. Солзите кои сега ги пуштате, ние некогаш ги роневме во море. Срам да ви е “ напиша Ражнатовиќ на „Инстаграм.