Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, неодамна ја објави својата втора песна, која стана голем хит во регионот.
На младата пејачка и предвидуваат голем успех, а таа признава дека размислува за светска кариера. Имено, Анастасија неодамна даде интервју за една емисија, каде призна дека би снимила песна за светскиот музички пазар кога би добила прилика.
-Фала на Бога зборувам англиски перфектно. Јас верувам во се. Верувам во себе, верувам во своите соништа и мислам дека ништо не е невозможно. Според тоа, ако ми се насмевне судбината и имам шанса да остварам светска кариера, никако нема да ја пропуштам, вели Анастасија.
View this post on Instagram
Таа им одговори на сите кои сметаа дека лесно се искачи на врвот на регионалната музичка листа, бидејќи е ќерка на популарна пејачка.
-Многу добро знам колку се трудам и колку вложувам во себе и своето време. Да не сум интересна и да немам некој икс фактор, никогаш не би било вака. Постојат деца на други познати личности кои ете се во медиумите, но едноставно не можат да се пробијат. Просто го немаат тоа нешто, вели Анастасија за српскиот „Ексклузив“.