Младата српска пејачка Анастасија Ражнатовиќ ги развесели своите обожаватели со кратката објава за нова песна од нејзиниот деби албум.
Анастасија Ражнатовиќ објави тизер за новата песна „Те сакам“, која ги израдува обожавателите на нејзината музика.
Ражнатовиќ сподели кратка објава на својот профил на Инстаграм, а судејќи според првите реакции, нема сомнение дека Анастасија и овој пат погоди хит.
– Драги мои, задоволство ми е што ја објавив најавата за мојата нова песна и спот „Те сакам“ – напиша пејачката и додаде дека целата песна и видео излегуваат на 24 март.
Ќерката на Цеца се појавува во неколку кадри во тизерот, а покрај гламурозниот изглед што ги воодушеви сите, привлече големо внимание со нејзиното издание на гејша, додека се гледа лице в лице со манекенот кој има улога.
Погледнете го тизирот за видеото на Анастасија за „Те сакам“: