Анастасија Ражнатовиќ е многу активна на својот Инстаграм и често знае да ги разгали своите следбеници со фотографии и видеа од вникот Жељко, синот на нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ.
Ќерката на Цеца сега објави видео од својот дом на своите Инстаграм приказни, каде малиот Жељко спие во голем кревет, додека пријателката на Анастасија го милува по раката.
Анастасија не крие колку ужива во воспитувањето на внукот, а во една прилика истакна дека ќе се потруди да биде барем половина добра тетка, како што сестрата на Цеца, Лидија била кон неа и брат и Вељко.
И сето тоа е многу убаво од неа, иако некои во нејзината грижа за малиот Жељко, велат дека всушност препознаваат нешто друго. Дали тоа грижливата тетка, полека не се подготвува и самата да стане мајка?
Фото: Инстаграм принтскрин