Радио Милева

Анастасија Ражнатовиќ дојде во Скопје, а пејачката Лина Пејовска ја угости во ресторанот на татко и (фото)

Анастасија Ражнатовиќ дојде во Скопје, а пејачката Лина Пејовска ја угости во ресторанот на татко и (фото)

Ќерката на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, периодов се почесто патува на релација Белград-Скопје.

Причината за тоа е работната посета во студиото на македонскиот композитор Дарко Димитров каде се подготвува нејзиниот деби албум.

Неодамна Димитров во изјава за естрадниот телевизиски магазин „Бекстејџ“, откри дека албумот на Анастасија е во завршна фаза, а дека сега најмногу посветуваат внимание на детали околу текстовите.

фото:принтскрин/јутјуб/бекстејџ

За работата да не застанува и да заврши што побрзо, Анастасија напорно работи на првиот албум кој се создава на скопска адреса. Деновиве таа повторно е во Македонија, па слободното време го поминува низ скопските ресторани, поточно последно беше во ресторанот на таткото на младата македонска пејачка Лина Пејовска, Ефто.

Средбата ја овековечија со една фотографија на која позираат една до друга, Анастасија како гостинка, а Лина како домаќинка.

Инаку, Лина е голем фан на Анастасија, па во коментар на фотографијата напиша дека таа е кралица.

За потсетување, Лина Пејовска ги препеа двете песни на Анастасија, „Совршен пар“ и „Рани“ кои тогаш и се допаднаа на наследничката на Цеца, а како звучеше погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

my favourite at the moment. ? Rane – Anastasija @raznatovicanastasija @darkodimitrov #rane #anastasijaraznatovic #linapejovska

A post shared by PEJOVSKA LINA (@pejovskalina) on

To top