Радио Милева животот оди понатаму...

Анастасија Ражнатовиќ со забава си ги лечи раните по загубата на бебето (видео)

Анастасија Ражнатовиќ со забава си ги лечи раните по загубата на бебето (видео)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот партнер, фудбалерот Немања Гудељ, пред неколку дена отпатуваа за Франција, поточно за Сен Тропе, каде не се задржаа долго. Младиот пар брзо ја променил дестинацијата и сега се на Ибица.

Немања и Анастасија решија да се забавуваат и отидоа на концерт. Пејачката е снимена како пее на шпански, а Немања цело време ја гушка и бакнува.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ неодамна го загубија своето бебе, а тажната вест ја објави на социјалните мрежи. Анастасија тогаш беше бремена во петтиот месец и реши целосно да се повлече од јавноста, па го деактивираше својот профил на Инстаграм.

Сепак, Анастасија неодамна пријатно ги изненади сите, кога реши да го врати профилот и веднаш јавно му се обрати на Гудељ. Таа објави серија слики, му честиташе за освојувањето на трофејот и ги испрати најемотивните зборови во тоа време.

– Секоја чест љубов моја! Еден од многуте убави моменти од нашиот заеднички живот се случи денеска. Допрва претстојат уште многу. Ако некој го заслужува ова, тоа сигурно сте вие! Те сакам бубо – напиша Анастасија и разнежни многу луѓе.

фото:Инстаграм принтскрин/Анастасија Ражнатовиќ

To top