Познато е дека пејачката Анастасија Ражнатовиќ освен талентот за музика има талент и за мода, а каде и да се појави предизвикува големо воодушевување.
Многу девојки често ги копираат нејзините комбинации или се облекуваат по неа. Пејачката не штеди пари за брендирани „парчиња“, а тоа го покажа сега.
View this post on Instagram
Имено, на фудбалскиот натпревар во Шпанија на кој го бодреше својот избраник Немања Гудељ, како и секогаш, Анастасија привлече внимание со својот изглед и скапиот стајлинг. Таа носела кариран жолто-бел капут кој чини 925 евра, но не е ни приближно најскапото нешто што го носела. Ѓерданот што го носеше Анастасија е од колекцијата на познат светски бренд, а чини дури 10.400 евра.
Фото: Принтскрин/Инстаграм