Радио Милева

Анастасија Петреска четири месеци по породувањето го откри својот телесен раскош на плажа во црвено бикини (фото)

Анастасија Петреска четири месеци по породувањето го откри својот телесен раскош на плажа во црвено бикини (фото)

Фолк пејачката Анастасија Петреска и нејзиниот сопруг и колега, фолк пејачот Владимир Поповски, како и многуимина, се спакуваа и заминаа на море.

Анастасија се породи пред четири месеци и на свет ја донесе ќеркичката Андреа, а сега е вистинскиот период за мама и тато малку да се опуштат и да уживаат во летото.

фото:инсатграм/принтскрин/анастасијапетреска

Ќерката на пејачот Наум Петрески за разлика од порано е поактивна на социјалните мрежи, а со тоа им дозволува на медиумите и обожавателите да ѕирнат нешто повеќе во нејзината приватност и семејниот живот.

фото:инсатграм/принтскрин/анастасијапетреска

Па така, уште додека беа на пат во автомобилот, тазе родителите објавија дека тргнале на патување, а потоа следеше фотографија од финалната дестинација – плажата и морето.

Во прв план овој пат не беше малата Андреа, туку тато и мама и нејзиното раскошно издание во црвеното бикини.

фото:инсатграм/принтскрин/анастасијапетреска

За тато Владимир нема пауза од музика, а за Анастасија кариерата и музиката веројатно уште малку ќе почекаат додека малата принцеза има најголема потреба од мама.

To top