Радио Милева Новиот член е на пат

Анастасија Петреска бремена по вторпат: Пејачката се пофали со нараснатиот труднички стомак (фото)

Анастасија Петреска бремена по вторпат: Пејачката се пофали со нараснатиот труднички стомак (фото)

Естрадната фолк-двојка Анастасија Петреска и Владимир Поповски ќе станат родители по вторпат.

Пејачката и ќерка на пејачот Наум Петрески, повторно ќе биде мајка, а семејството ќе биде проширено за уште еден член.

Во првата бременост Анастасија не многу сакаше да открива како ги поминува деновите во блажена состојба и да објавува фотографии на социјалните мрежи, но сега за промена како второ вакво искуство, таа откри дека со Владимир повторно ќе станат родители.

Облечена во лежерно издание Анастасија позираше со трудничкиот стомак во прв план, а според симболот од сино срценце во опис, претпоставуваме дека сакаше да открие дека овој пат носи машко.

За потсетување, Анастасија и Владимир во 2019 станаа родеители за првпат на малата Андреа која пред три недели наполни три годинки.

фото:инстаграм/анастасија петреска

To top