Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ја прославија првата годишнина од својата љубов, па оваа убава пригода парот ја објави на социјалните мрежи. Немања решил да ја изненади својата поубава половина и ја израдува со голем букет цвеќе со порака: „Среќна 1 година Бубо“, покрај која имаше преслатка кутија со овошје и чоколади.
Заедно со нивната заедничка фотографија, на која очигледно се расположени седат во ресторан, Анастасија му возврати емотивни зборови на својот сакан и го пофали подарокот што го добила.
„Среќна прва годишнина моја среќо“. Сакам што ме сакаш“ – напиша пејачката украсувајќи го постот со емотикони од срца и знакот за бесконечност.
Бројните фанови, колеги и пријатели им честитаа и им посакаа да ја слават нивната љубов уште многу години.
Наследничката на Цеца ужива во љубовта со своето момче фудбалер, во кој вели пронашла се’ што отсекогаш сакала, а дека нивната љубов успешно се спротивставувала на сите предизвици, па дури и на наводните семејни конфликти за кои медиумите шпекулирале, доказ се нивните чести фотографии на кои блескаат од среќа.
Иако парот не сака да ја рекламира својата приватност во медиумите, нивните објави сугерираат дека се на добар пат да стапнат на лудиот камен во блиска иднина!?
Фото: Инстаграм принтскрин/nemanjagudelј/raznatovicanastasija