Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот избраник Немања Гудељ, по долг престој во Севиља, пристигнаа во Србија, непосредно пред роденденот на Цеца, а изненадувањето што ги чекаше дома ги собори од нога.
Имено, откако во јавноста соопштија дека пејачката го загубила бебето во петтиот месец од бременоста, Анастасија и Немања вчера пристигнаа во својата татковина.
Тие пристигнаа два дена пред педесеттиот роденден на Цеца Ражнатовиќ, па целото семејство ќе биде заедно.
Да потсетиме, Цеца ја информираше јавноста дека планирала голема прослава по повод роденденот, но откажала се’ поради новонастанатата ситуација.
Откако по долго време не ги видела својата ќерка и зетот, Цеца се пофалила со подарокот кој ја дочекал во нејзиниот дом, а кој и го испратиле нејзините обожаватели.
Станува збор за розова торта, која е украсена со голема златна круна, додека под неа била напишана моќна порака:
– Жена, мајка, кралица“
фото:цеца ражнатовиќ/инстаграм принтскрин