Анастасија и Немања Гудељ уживаат во својата љубов, а по црковната венчавка планираат дури три свадби.
Едната ќе биде во Севиља каде што живеат, втората ја организираат во Требиње, родниот град на родителите на фудбалерот, Оливера и Небојша, а третата свадба во Белград.
Како што дознаваат српските медиуми, сопружниците се решиле на овој чекор за да ги почитуваат сите гости, бројните роднини и пријатели.
– Младенците неодамна се заколнаа на вечна љубов во црквата, вест која одекна како бомба, а сега е време да го прослават тоа. Како што планираат, свеченостите ќе се одржат на дури три локации. И на двајцата им е важно сите членови на нивните семејства да бидат среќни и задоволни, како и нивните пријатели. Значи свадбите ќе бидат во три држави: Србија, Босна и Херцеговина и Шпанија. Ражнатовиќ и Гудељ се семејства кои сакаат да слават и тоа нема да им биде проблем. Немања и Анастасија веќе размислуваат за термините за се да биде организирано како што доликува и согласно обврските кои спортистот ги има кон клубот. Не сакаат никого да оптоваруваат, туку сè презеле на себе, вели соговорник за српските медиуми.
Според него, тоа нема да биде класична свадба.
-Во Севиља ќе биде забава за пријателите и соиграчите на Немања од клубот, во Белград и Требиње за семејството и пријателите. Сега ги разгледуваат сите детали и наскоро ќе ја започнат организацијата, заклучува тој извор.
Фото: Принтскрин/Приватна Архива