Радио Милева

Анастасија Деа Богдановска за првпат целосно го покажа лиценцето на Дениција

Анастасија Деа Богдановска за првпат целосно го покажа лиценцето на Дениција
фото: инстаграм/анастасијадеабогдановска

Новинарката и водителката, Анастасија Деа Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски уживаат во нивната нова улога – родители на нивната ќерка Дениција.

Анастасија не е оние родители кои не ги покажуваат децата по социјалните мрежи.

Така, таа редовно на својот „Инстаграм“ објавува фотографии од својата Дениција оставајќи емотивни пораки кои некогаш нејзината ќерка можеби ќе ги прочита и ќе види што мама објавувала кога таа имала само неколку месеци.

Меѓутоа, во досегашните објавени фотографии, Деа ниту еднаш не го покажа целосно лицето на ќерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea) on

Објавите се такви што малата Дениција е свртена на страна или пак нејзиното мало раче е на лицето, па не се гледа нејзиното слатко лице.

Сега мама Анастасија направи исклучок, па за првпат целосно го покажа лиценцето на својата наследничка.

фото: инстаграм/анастасијадеабогдановска

Имено, во кусите приказни на Инстаграм, таа објави фотографии од ќеркичката на која и става стегачиња и овојпат целосно го покажа нејзиното лице.

фото: инстаграм/анастасијадеабогдановска

Останати вести од Радио Милева