Радио Милева
вредна мама

Анастасија Деа Богдановска и во втората бременост продолжува со „направи сама“ – вредната мајка дизајнираше за Дениција (фото)

Анастасија Деа Богдановска и во втората бременост продолжува со „направи сама“ – вредната мајка дизајнираше за Дениција (фото)

Водителката и новинарката Анастасија Деа Богдановска и Богдан Илиевски Бетмен наскоро повторно ќе станат родители, односно го очекуваат нивното второ дете.

Анастасија ужива во својата втора бременост, а на социјалните мрежи знае да објави и по некоја фотографија.

Така водителката овој пат во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија и го покажа нараснатото трудничко стомаче, а друштво и прави нејзината ќеркичка Дениција.

Како и во првата бременоста, Анастасија и сега на агендата на своите дневни активности го има проектот „направи сам“.

Вредната водителка и сега продолжува да создава нешто свое за во домот, а овојпат дизајнираше за нејзината ќеркичка Дениција.

Имено, таа на својот „Инстаграм“ се пофали дека од јакната на ќеркичката дизајнирала интересен модел.

-Моите омилени направи сам проекти. Неверојатно е каква трансформација може да направи промената на копчиња. Мене ова ми е најбрз и најлесен начин од нешто што е досадно и секојдневно да ги направам да изгледа забавно и необично.  И најважно од се: Дениција одобри. А јас никогаш сум немала подобар модел, напиша водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

фото: инстаграм/anastasiia_dea

 

Останати вести од Радио Милева