Радио Милева дупла прослава

Анастасија Деа Богдановска и Богдан Илиевски – Бетмен имаа повод за славење: „И ден денес ми е надреално, исто како кога прв пат ја видов“

Анастасија Деа Богдановска и Богдан Илиевски – Бетмен имаа повод за славење: „И ден денес ми е надреално, исто како кога прв пат ја видов“

Водителката, новинарката Анастасија Деа Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски Бетмен 2020-та година, ќе ја паметам по убави нешта, можеби по една од најубавите работи – станаа родители.

Имено, Анастасија и Богдан добија ќерка за која го одбраа името Дениција. Нивното семејство се прошири за уште нов член, а отогаш целото нивно внимание и љубов е насочена токму кон малата наследничка.

Анастасија е активна на социјалните мрeжи па редовно знае да сподели фотографија од ќеркичката, да напише некој совет, објава, да покаже како го поминува времето заедно…

Деновиве, пак познатиот пар имаше убав повод за славење. Имено, нивната Дениција наполни една година. Токму по тој повод, водителката се огласи на својот „Фејсбук“ со емотивна порака посветена по повод 1виот роденден на ќерката.

„И ден денес ми е надреално, исто како кога прв пат ја видов. Повеќе е од љубов и среќа. Повеќе од се заедно. И затоа не се опишува со зборови. Најсреќна да си, лавице наша“, напиша таа покрај фотографија.

Во кусите приказни на Инстаграм, Анастасија и сподели и неколку фотографии на кои позира со ќерката и сопругот покрај роденденската торта.

Меѓутоа, освен роденденот на ќерката, Деа и Бетмен имаа уште еден повод за славење. Имено, тие направија и свадбена прослава.

Парот спои убаво и корисно, па наместо еден имаа дупли повод за славење- роденден и свадба. Иако, Деа не објави фотографии од свадбата, нејзините пријатели, роднини кои беа на прославата ја означија водителката, па таа ги сподели на својот „Инстаграм“ и така обзнани дека направиле свадба.

За ова прилика, водителката носи бел невeстински фустан, а Богдан е во елегантен косутм.

„Вечни да сте“, пишува до објавата.

Деа и Богдан  се запознале преку заеднички пријател, а шармантната новинарка и ТВ водителка долго време  го практикуваше „правото на приватност“  со својот избраник, за не споделување заеднички фотографии. Особено додека над него беа надвиснати темните облаци на неправдата и затворската закана заради познатите настани од кобниот 27 април во Македонското собрание.

Но, откако Богдан Илиевски попознат по прекарот „Бетмен велит“ ја доби заслужената амнестија, тие ја обзнанија својата љубов, иако „правото на приватност“ го задржаа како лична привилегија.

Честитки!

Фото: принтскрин/инстаграм/анастасија деа богдановска

To top