Деновиве во Скопје се одржува аудицијата за нови таленти на едни од најгледаните регионални музички шоуа како што се „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“.
Стотици млади за првото и возрасни за второто шоу се пријавуваат со желба да добијат шанса да си ја пробаат среќата. Помалку или повеќе талентирани, некои познати, некои тотални анонимуси, откриени и неоткриени таленти чекаат пред вратите на националната телевизија која ги пренесува овие регионални музички натпреварувања.
Првиот човек на „Гранд продукција“ – Саша Поповиќ дојде специјално во Скопје, а во жирито за селекција на новите ѕвезди и млади и повозрасни беа Анета – Молика, Ален Хасановиќ, Ленче Кукиќ, Ристе Ристески…
Арно ама, „меѓу сите идни ѕвезди“ и две сегашни ТВ ѕвезди… Две добропознати лица, кои се појавија на аудицијата. Водителот Ване Марковски, кој таму беше по службена должност, како човек кој веќе имал продфесионално искуство со ваквите проекти и таа… новопечената ТВ водителка Анастасија Деа Богданоска, која таму се појави приватно.
Нејзиното ТВ искуство е мало, а ма затоа изгледа желбата голема… Дали и самата да пропее или само да ѕирне како тоа изгледа кога „нема втора шанса за прв впечаток“ пред музичките авторитети кога ќе ти дојдат твоите „пет минути“? Или можеби итрата Деа дојде да „купи“ некоја финта од колегата Марковски за тоа како се води естрадна емисија?
Што и да е причината за ненадејната посета на аудицијата, Деа секако ќе знае од неа да извлече полза. Водителка или пејачка? Кој да знае… Конечно и самата на социјалните мрежи се прашува: „Што е она што е неминливо, во она што е минливо?“ Одговорот можеби е: желбата… Впрочем, никогаш не е доцна, нели?!