Радио Милева

Анастасија Богданоска ја објави првата фотографија од Дениција (фото)

Анастасија Богданоска ја објави првата фотографија од Дениција (фото)

Македонската водителка и новинарка Анастасија Деа Богданоска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – „Бетмен“ станаа родители на нивното прво дете – ќерката Дениција.

Со стихови од  можеби најпознатата македонска поема „Кога ја љубев Дениција“ на македонски литературен деец Петре М. Андреевски, среќниот татко на социјалните мрежи ги сподели радосните вести.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/anastasija-bogdanovska-i-bogdan-ilievski-stanaa-roditeli-od-ljubovta-na-dea-i-betmen-se-rodi-denicija/

На адреса кај Богдан и Анастасија постојано пристигнуваа честитки за новиот член на семејството.

За разлика од многу други јавни личности кои имаат навика да не споделуваат фотографии од своите деца, или барем не првиот месец ипол, таков не е случајот со Деа.

Имено, водителката набргу по раѓањето на Дениција на својот „Фесјбук“ сподели фотографија од ќеркичката.

Од срце фала ви за убавите зборови и желби! ? Дениција ве поздравува откако убаво се најаде и наспа. Бескрајно сме и’ благодарни што мене и Богдан  не’ направи родители, напиша таа во описот.

фото: фејсбук

 

Честитки, да е жива и здрава Дениција.

To top