Мегафон

Anastacia на 15 мај на концерт во Скопје

Anastacia на 15 мај на концерт во Скопје

Познатата американска пејачка со моќен и препознатлив глас, Анастејша (Anastacia) доаѓа во Скопје, каде што на 15 мај ќе настапи во ВИП арената „Борис Трајковски“!  Концертот е во рамките на нејзината светска турнеја „Evolution“, насловена по истоимениот, седми по ред студиски албум што го објави минатата година.

Постојат многу пејачи ширум светот коишто се достојни за слушање, со пријатни песни и незаборавен звук. Но, мал е бројот на оние чијшто уникатен тон можете веднаш и без сомнеж да го препознаете! Тој волшебен и грандиозен глас го гарантира статусот на суперѕвезда. Анастејжа е токму тоа. Суперѕвезда! „I’m Outta Love“, „Paid My Dues“, „Left Outside Alone“, „Sick and Tired“ и понатаму се меѓу најбараните песни на многу радиостаници и со право може да се каже дека веќе се евергрини.

Актуелното издание „Evolution“ наиде на претежно позитивни критики, а најавниот сингл „Caught In The Middle“ можете да го слушнете во продолжение.

 

To top