Пејачката Анабела Атијас и моментална учесничка во реалното шоу „Задруга3“, јавно и се извини на Кристина Кија Кокар и на нејзиниот поранешен сопруг и момче на нејзината ќерка, пејачот Слободан Радановиќ за судирите со нив околу Луна Ѓогани.
Во оваа прилика, еден српски медиум ја контактираше Кија, а на прашањето како го коментира извинувањето на Анабела и дали го прифаќа, Кија имаше јасен став.
– Не. Не прифаќам. Јас не прифаќам такви извинувања – рече победничката на „Задруга 1“ и веднаш истакна дека не сакала ниту да коментира за бурните односи на мајката и ќерката во реалното шоу.
– Слатко. Јас не сум дел од нивното семејство да ги коментирам. Прашајте го Слободан. Тој ја знае материјата подобро “, рече таа.