Луна Ѓогани повторно е дел од реалното шоу „Задруга“, но нејзината мајка одлучила да го промени однесувањето.
Иако во претходните две „Задруги“, Анабела и беше најголема поддршка на Луна изгледа сега пејачката се изморила да се грижи за ќерката и да навива за неа.
„Луна има 24 години, на тие години бев мајка и го бирав својот живот. Глупо е да донесувам одлуки во нејзино име. Што ќе направи зависи од неа“ вели Анабела.
„По три години активно грижење за неа, малку се изморив и се сетив дека сум и потребна на други. Имаме уште две прекрасни девојки кои се дома и овој пат нема да навивам за Луна. Нема потреба. Време е да преземе одговрност за својот живот“ вели пејачката.