Радио Милева
што е твое - мое е...

Анабела и ја „украде“ песната на Луна: Не за кого била напишана, туку кому му била „пишана“!

Анабела и ја „украде“ песната на Луна: Не за кого била напишана, туку кому му била „пишана“!

Луна Ѓогани планирала да сними четири песни што биле специјално  напишани исклучиво за неа и со тоа сериозно да ја почне нејзината музичка кариера. Но, како што често бива,  работите не испаднаа така како што сакаше. На мајка и Анабела една од песните и легнала на уво, па изјавила дека во тој текст повеќе се наоѓа таа отколку ќерка и Луна.


„Бидејќи првата песна на Луна „Деветтиот круг“ е посветена на нејзиниот живот и настаните што и се случија додека беше во реалното шоу „Задруга2“, таа постигна огромен успех. Луна веднаш сакаше да сними нешто ново, но сосема поинакво. Таа со денови бараше соодветни аранжмани и текстови заедно со нејзината мајка, Анабела. Дојдоа до идеја да сними дури четири песни, па да додаде уште две за да го комплетира албумот малку подоцна.

Но, Анабела изјави за еден текст дека таа се наоѓа повеќе во него, иако Луна сигурно ќе го сними и издаде затоа што сигурно ќе биде хит. Луна ја купила и ја оставила како последна да ја сними и исфрли во етерот. Во меѓувреме Анабела се обидела да ја отпее истата песна само во пијано придружба, и веднаш била воодушевена од тоа како звучи, па посакала песната да е нејзина. Луна, видела, не видела и ја препуштила.

Што би рекол нашиот народ:  „Не било за кого е речено, туку за кого е печено“ – вели изворот за српски „Свет“. Или во овој случај: „Не за кого песната била напишана, туку кому му била „пишана!“

Останати вести од Радио Милева