Радио Милева

Анабела брутална кон Луна: „Ќе ја покубам, убијам, ви се колнам!“ (видео)

Анабела брутална кон Луна: „Ќе ја покубам, убијам, ви се колнам!“ (видео)
фото: принтскрин/задруга/јутјуб пинктв

Бруталната расправија се случи во реалното шоу „Задруга 3“ помеѓу Анабела Атијас и нејзината ќерка Луна. Мајката викаше на својата наследничка, нагласувајќи дека нејзината сестра се жалела дека таа и помалата Бланкица немале мајка веќе три години поради сестра си Луна.

По долгата расправија, лошите коментари преминаа во закани предизвикани од гнев.

Анабела се сврте кон камерата и извика:

фото:принтскрин/задруга/јутјуб пинктв

„Ќе ја покубам, ќе ја убијам, ви се колнам… ви реков дека не сум добро! Предупредете ја, не можам да го толерирам ова! Во оваа моја здравствена состојба да ме носи до лудило со своето однесување! Марко Миљковиќ цело време ја држеше Анабела за да не тргне кон Луна.

Меѓутоа, Луна продолжи да реагира, а Анабела стана бесна и зеде шише вода и се упати кон нејзината ќерка.

Извесен период откако Анабела влезе во шоуто, а таму беа Марко, Гаги и Луна, односите меѓу нив тотално се разнишаа.

Останати вести од Радио Милева