Српскиот портал „Блиц“ пишува дека Анабела Атијас го пријавила сопругот Андреј за семејно насилство.
Како што пренесува медиумот Анабела во полицијата изјавила дека Андреј ја удрил во главата.
Од друга страна Андреј изјавил дека таа го нападнала и изгребала.
Според неофицијалните информации парот се скарал поради куче и дошло до физичко пресметување.
Дали овие пишувања се точни допрва ќе видиме. Инаку, ќерката на Анабела, Луна Џогани влезе во релното шоу „Задруга 2“.