Радио Милева „Зелка со ребра“

Ана Стојановска со две зелки на градите направи сарма на Инстаграм (фото)

Ана Стојановска со две зелки на градите направи сарма на Инстаграм (фото)

Младата македонска актерка Ана Стојановска во периодот од 2007 година, па се до 2022 има остварено бројни филмски улоги во серии и играни остварувања. Ана е една од најбараните наши актерки која маестрално се покажала во улогите кои ги добива. Нејзината последна и најактуелна е во филмот „Кајмак“ за кој периодв има навалица пред кино салите во Скопје и низ земјава.

Во екот на прикажувањето, Ана на својот Инстаграм профил сподели една од сцените каде е гола, а градите и се покриени со две зелки. Фотографијата предизвика доста реакции и стотици лајкови, а не изостанаа и коментарите меѓу кои најмногу и алпаудираа на храброста, други беа воодушевени бидејќи веќе ја погледнале приказната, а пак трети беа духовити или саркастични:

„Немаш ци*ки пасе тешиш со зелки“, „Зелка со ребра лизгет“, „ Ухх… што сочна салата би направил со зелчињата“, гласат дел од коментарите за фотографијата која Ана ја наслови како „Игра со зелки“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Инаку, Кајмак е македонски филм снимен во 2021 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. Главните улоги ги играат: Ратка Радмановиќ, Камка Тоциновски, Благоја Чоревски, Сара Климоска, Петар Мирчевски, Александар Микиќ, Борис Чоревски, Симона Спировска, Ана Стојановска. Филмот ја имаше својата премиера за време на Токискиот кинофестивал одржан на 26 октомври 2022 година во Јапонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Жанровски, филмот „Кајмак“ припаѓа на категоријата црна комедија, иако според некои критичари е тешко да се смести во кој било жанр. Според самиот Манчевски, филмот може да се стави во категоријата „љубовен филм за возрасни“. Филмот го прикажува животот на две современи македонски семејства.

Во продолжение погледнете го официјалниот трејлер за „Кајмак“:

фото:Инстаграм/Ана Стојановска

To top