Радио Милева уникатна

Ана Стојановска одново разголена, овој пат со „бесконечно“ деколте на филмски фестивал во Црна Гора (фото)

Ана Стојановска одново разголена, овој пат со „бесконечно“ деколте на филмски фестивал во Црна Гора (фото)

Храбриот избор и модната уникатност се дел од стилскиот печат на познатата македонска актерка Ана Стојановска која периодов е доста активна со премиерите на филмот „Кајмак“ на филмски фестивали низ Балканот.

Неодамна доста впечатлив и коментиран беше нејзиниот избор за свеченоста на сараевскиот филмски фестивал, каде домнираше со едноставен но ултра впечатлив црн фустан кој открива повеќе кожа.

Храбриот избор на едни им се допадна, на други не, но преку сигурниот и самоуверен став на Ана, можеше да се забележи дека таа го носи вистинскиот избор, на вистинското место.

Екипата на „Кајмак“ продолжи и на филмски фестивал во Црна Гора, а Ана одново модно доминираше, овој пат во дводелна комбинација од маичка со „бесконечно“ деколте и сино-тиркизно здолниште кои го комплетираа нејзиниот бохо- стајлиг за оваа пригода.

Впечатлива и женствена, но ненаметлива и сосема доволно дозирана со провокација која таа знае како да ја износи.

Инаку, филмот „Кајмак” на Милчо Манчевски, освои Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот). Наградата беше доделена на вчерашната свеченост при затворањето на меѓународниот Фестивал Херцег Нови Монтенегро. На свеченоста, покрај режисерот Манчевски, присуствуваа и актерите од филмот Александар Микиќ и Ана Стојановска.

Паралелно, „Кајмак“ ја имаше и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија. Во почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште три фестивали: i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски, Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина.

To top