Пејачката Ана Севиќ деновите во изолација ги поминува со ќерката Лорена и момчето Даниел, а „1ви мај“ ќе го прослави со храна и вино во нејзиниот двор.
Иако е научена да живее луксузно и удобно, Севиќ вели дека знае да работи и „машки работи“.
„Јас сум жена, но работам се што е потребно. Знам да сменам осигурувач, да составам делови на мебел, да бојадисувам, да лепим тапети“ вели пејачката за ало.рс
Таа откри што најмногу и паѓа тешко додека е во карантин.
„Најтешко ми е што не можам да се видам со мама и баба, многу и недостигаат на Лорена. Исто така што не можам да одам некаде, на пример на море. Ми недостига тој мирис“ вели Ана.
Севиќ откри што ќе направи прво кога ќе заврши целата ситуација.
„Ќе отидам да ги видам мама и баба, а потоа ќе го земам пасошот и ќе одам некаде на море“ објаснува пејачката.