Свршеницата на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ вчера се породи и на свет го донесе синот Алексиј.
Овие радосни вести тие ги споделија на социјалните мрежи.
По тој повод се огласи и поранешната сопруга на Дарко, Ана Севиќ која истакна дека му честитала.
„Ми се јави одма и секако дека веднаш му честитав и му посакав се најдобро. Нека им е жив и здрав“ изјави Ана Севиќ.
Имено, Дарко наскоро планира и свадба со неговата свршеница и ќе живеат во нова куќа.
За потсетување, Дарко од првиот брак со Ана ја има ќерката Лорена.