Поранешната пејачка Ана Севиќ неодамна дојде на венчавката на нејзиниот поранешен сопруг, фолкерот Дарко Лазиќ, за која се уште се зборува.
– Јас само го правам она што го чувствувам, го живеам животот по мои правила. Дојдов со сопругот, на секоја прослава сме заедно, никогаш сама не би донела таква одлука да дојдам на свадбата на бившиот, заедно договараме се’ во семејството. Тоа ни е нормално, дека се согласуваме и одиме таму каде што сакаме и двајцата – рече Ана Севиќ за Блиц.рс
View this post on Instagram
Ана сега откри како гледа на споменатата ситуација.
– Секако, тоа е многу убаво, и дај Боже сите така да се согласат, колку среќа, што сите имаат таков став, поддршка, имам голема поддршка од сопругот на сите фронтови. За тоа сум му исклучително благодарна, многу ја сака Лорена, сакаше таа да биде среќна тој ден. Сакаше да види дека сме сите заедно, дека се’ може да функционира убаво без никаква напнатост, дека сите заедно можеме да бидеме среќни – додала таа откривајќи ја вистинската причина за одењето на свадбата на Дарко.
View this post on Instagram
– Секако, таа е на прво место и секогаш ќе биде таа, како фигура околу која се врти се’. Овде ништо не е чудно, што се однесува до мене, сосема е очекувано и толку – истакна Севиќ за Блиц.
фото: Инстаграм принтсктин/ Ало илистрација