Ана Радуловиќ на својот Инстаграм профил објави слика од инфузијата, која предизвика вистинска врева кај фановите.
Атрактивната водителка на „Елита“, со денешната објава на Инстаграм ги загрижи своите фанови.
Со оглед на тоа што вообичаено е редовна на социјалните мрежи, каде со следбениците споделува настани од нејзиниот живот, денес откри дека треба да се „врати во живот“, па заврши на инфузија.
– И уште малку враќање во живот – напиша водителката со оваа фотографија.
Да потсетиме, атрактивната бринета неодамна купи скап автомобил Мерцедес, како што тогаш изјави, без ничија помош, а после тоа се шпекулира дека планира да пазари и недвижен имот на Златибор.
Фото: Принтскрин/Instagram/ana.radulovic