Пејачката Ана Николиќ својот изглед го донесе до совршенство, и сосема природно многумина започнаа да го припишуваат нејзиниот успех на себе. Така, на повеќе места може да се најде дека пејачката ги користела токму нивните производи, што се покажа како неточно.
Таа на својот Инстаграм објави точно што е заслужно за нејзиното слабеење, а она кое изненадува е што не го наведе и намалувањето на желудникот со операција.
Како што многу се зборуваше деновиве за пејачката Индира Арадиновиќ Инди, која имаше компликации по намалувањето на желудникот, таа неодамна зборуваше и рече дека видела дека Ана Николиќ и Дарко Лазиќ имаат успех со истото, па ова беше нејзиниот поттик да таа се занесе во нешто слично.
Сепак, во својот пост, Ана не ја спомена ваквата операција, па затоа е сомнително дали таа всушност го сторила или едноставно заборавила да го спомне сега.
– Драги мои, за конечно да се стави крај на сите шпекулации – моето губење на тежината и мојата моментална бројка се единствено одговорни на апчиња за слабеење во комбинација со тренинзи дома и кај мајка ми во студиото. Секој друг што лажно го користи моето име за рекламирање (и има) ќе биде тужен. Не наседнувајте – напишала Ана на Инстаграм.