Радио Милева

Ана Николиќ првпат проговори за разводот со Раста: „Тоа беше нешто најболно во тој момент“

Ана Николиќ првпат проговори за разводот со Раста: „Тоа беше нешто најболно во тој момент“

Ана Николиќ по три години медиумска пауза се врати на ТВ екраните и тоа во емисијата „Примиера викенд специјал“ каде што првпат искрено проговори за написите во медиумите и разводот.

„Секоја нормална личност мора да реагира на написите во медиумите, но сега реагирам многу помалку. Јас со Тара добив меч и штит. Се тоа ќе дојде до една граница и не можам да дозволам да ме изнервира некоја глупост по медиумите, имам одговорност кон мало дете и морам да се заштитам“ изјави Ана.

Таа исто така првпат проговори за разводот со Стефан Ѓуришиќ Раста.

„Јас сум сушество како и сите, нормално е дека поминав низ еден неубав период. Знаат сите жени кои поминале низ развод, па макар тој бил од интерес, а овој брак беше од љубов. Така да, кога нешто ќе се „растури“ , јас тоа тешко го поднесов,ми требаше време да се составам и да продолжам со својот живот. Јас имав идеја дека ќе се омажам еднаш  од љубов, еднаш засекогаш, а тоа не успеа. Но, преживеав, што е најважно“ вели Ана и додава:

„Секој развод е многу стресен, посебно кога станува збор за голема љубов, а од таа љубов имате и дете. Секогаш е подобро да ставите крај на нешто што не фунцкионира отколку да ја продолжите агонијата.Тоа беше многу болно во тој момент, но некои работи мора да се случат. Единствена личност која беше со мене во тие моменти е Марко, мојот брат и најдобар пријател“ вели Николиќ.

За потсетување, Ана и Раста од бракот ја имаат ќерката Тара.

фото: ата имагес/нт свет

To top