Иако зад пејачите Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ – Раста стои неуспешен брак, нивната ќерка Тара секогаш ќе биде таа што ќе ги поврзува.
Мама сака Тара да ја средува и модерно да ја облекува, па така малечката со својата последна фотографија направи вистински “бум” на социјалните мрежи.
Имено, Ана неретко можеме да ја видиме во фустани со леопардов принт. Овој пат пејачката на својата ќеркичка и облече елече со ист таков принт, карирано фустанче и бордо чевлички што се совпаѓаат со цуцлата в уста!
„Јас сум моден убиец … Тарарира“ – напишала гордата мајка Ана Николиќ покрај фотографијата.
Нејзините другари возбудено коментираа дека Тара е вистинска модна икона. Не можеме да негираме дека девојчето е навистина преслатко!
А тоа што Ана сака од неа да направи дама иста како мама… Гррррр….!!!