Пејачката Ана Николиќ доби многу позитивни коментари на сметка на изгледот, но имаше и такви на кои не им се допадна што толку ослаби, па и порачаа дека изгледа анорексично.
Следбениците ја советуваат да качи некој килограм, бидејќи заминала во минус, па и пишуваа разни коментари. Кога пејачката ги виде, и таа имаше своја реакција.
Ана сподели коментар на една девојка која ја „следи“ на социјалната мрежа и со тоа го кажа и своето видување.
-Ослабни, здебели се, ослабни,здебели се… На светот не може да му се погоди. Макар што Ана тоа не се ни обидува да направи, стои во објавата на профилот на пејачката која до пред неколку месеци имаше повеќе од 100 килграми.