Ана Николиќ и Стефан Ѓуришиќ Раста успеале да постигнат договор околу старателството на нивната ќерка Тара.
Како што пренесуваат српските медиуми Тара ќе живее четири дена со мајка и, а три дена со татко и.
Иницијатор на нивното помирување бил Стефан кој не сакал да потпише документи за развод бидејќи се уште се надева дека можеби ќе ја обноват романсата.
„Раста и претходно можеше да ја гледа Тара кога ќе посака, но тоа беше само преку ден. Наутро ќе дојдеше по ќерката во станот на Ана, а потоа ќе ја вратеше. Ана му се јави пред некој ден и му предложи идеално решение. Му кажа дека и тој има право да ја гледа Тара, па му предложи три дена да биде кај него, а четири дена кај неа. Стефан беше изненаден од нејзината одлука бидејќи во последно време воопшто не комуницираа. Секако, веднаш се согласи и кажа дека му се допаѓа идејата“ вели извор близок на пејачката.
Раперот исто така ангажирал и жена која ќе биде во неговиот стан и ќе се грижи за Тара.
„За време на викенди Стефан настапува, па така Тара ќе биде кај него во понеделник, вторник,среда.Раста одлучи да вработи дадилка која 24 часа ќе се грижи за ќерката додека е кај него. Тој е многу внимателен кон ќерката, се труди да поминуваат многу време заедно,учествува во сите активности со неа“ додава изворот.
За потсетување, Ана и Раста се разделија, но се уште не се законски разведени.